„Традиционална жетва во Куратица“ го освои третото место на Карневалот во Прилеп

Здружението на граѓани „Св.Василиј“ од Куратица и оваа година учествуваше на меѓународниот Карневал „Прочка 2014“ во Прилеп, и ја докажа својата успешност.

Групната маска од 40 учесници „Традиционална Жетва во Куратица“, имаше цел пред многубројната публика да  претстави традиционално жнеење на житото со срп, како рачно се пренесувало до гумењето, даревањето на стежерот, вршење на житото, како стигнува крајниот производ пченицата, со рачна машина.

„Веднаш после изведбата веќе ги добивме првите честитки за прекрасен настап, што и наговестуваше за можна награда. Од приближно 2000 маски учесници  од земјава и странство, од четиричленото жири, на маската од Куратица им беше доделено третото место за Традиционална групна маска. Присуството на карневалот беше искористено за контакти со останатите учесници од земјава и странство исто така беа поделени преку илјада флаери на присутните. Веќе добивме покана за учество на Карневалот во Лесковац, која со задоволство ја прифативме. Голема благодарност до организаторот, за безпрекорната организација и незаборавниот пречек на гостите.“ – истакнуваат од МЗ Куратица.

KuraticaMaskaPrilep02