Исчистени дивите депонии покрај патот до село Рамне

Месната Заедница на село Рамне во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ денес изврши чистење на дивите депонии покрај патот до село Рамне.

„Подигнати се околу 25  метри кубни отпад. Од денес па натака ќе се преземат прекршочни пријави кон несовесните граѓани кои ја загадуваат оваа територија. И во иднина Месната Заедница на село Рамне ќе ја продолжи соработката со ЈП  „Охридски Комуналец“. “- изјави за WebOhrid, претседателот на МЗ на село Рамне, Ристе Трајчески.

Ангелче Андриоски