ПС Струга поднесе кривична пријава против А.Г.(18) од с.Лескоец, охридско за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 26.01.2014 година на влезот во Струга од страна на полициски службеници е запрено патничко возило „ауди“ во кое пријавената била сопатник и при преглед кај истата пронајден е пиштол „црвена застава“ кал. 7,65 мм. и четири куршуми.