Во детската градинка „Јасна Ристеска“ се воведува и скратена програма

Поради големиот интерес за запишување и поголем опфат на деца, во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ од 15-ти март ќе отпочне со примена и на скратена програма која ќе се реализира  секој ден од 9 до 12 часот. Според програмата, децата на возраст од 3 до 6 години, без оброци, ќе ги следат само воспитно-образовните активности.

Заинтересираните родители можат  да се јават во Управата за упис на деца во објектот „Централна“ или на телефонот 046/ 231 – 645.