Пензионерите од овој месец ќе добијат покачување пензиите за 600 денари. Средствата во висина од милијарда и 800 милиони денари за оваа намена се обезбедени во Буџетот.
Ова беше договорено на средбата на министрите за финансии и за труд и социјална политика Зоран Ставрески и Диме Спасов претставници од Сојузот на здруженија на пензионери што се одржа во февруари.
Спасов истакна дека со зголемувањето на пензиите во март годинава просечната пензија ќе се зголеми за 62 процента во однос на 2006 година кога изнесувала 7.683 денари.
„ Најниската пензија во 2006 година изнесуваше 4.330 денари, а со исплатата на пензиите во март ќе изнесува 7.620 денари што е зголемување од 76 проценти, додека највисоката пензија во 2006 година изнесуваше 27.606 денари додека сега ќе изнесува 36.007 денари што значи зголемување од 30,43 проценти“, нагласи Сапсов.
Мерката ја поздравија и пензионерите, според кои таа ќе го подобри нивниот стандард.