Членовите на Здруженијата на граѓани се едуцираа како да менаџираат со проекти

Во организација на Секторот  за туризам и Локален Економски развој и  Одделението за образование при Локалната самоуправа, денес во просториите на Општината се одржа работилница  „Едукација и менаџирање со проекти“ на која присуствуваа членови на здруженија на граѓани од Охрид.

Работилницата веќе ја проследено над 250 лица а меѓу нив, здравствени работници, ученици во основни и средни училишта, спортски работници, вработените во  јавните претпријатија како и членовите на Локалниот совет на млади.