Охрид 2013 поразен од Работнички на стартот од новата сезона од ракометната Суперлига

Ракометарите на Работнички и на Охрид 2013 вечерва ја имаа честа да ја отворат новата сезона од ВИП Машката Ракометна Суперлига на Македонија.

Во Спортскиот центар „Форца“ во Скопје, Работнички го победи Охрид 2013 со резултат 30-24.

Прикажаната игра не беше на некое високо ниво од страна на двата тимови, неуиграноста го направи своето, со оглед на фактот дека станува збор за прв натпревар од сезоната. Работнички направи онолку колку што беше потребно за да дојде до предност која ја одржуваше во текот на целиот натпревар, предност која на крајот резултираше со победа. Од другата страна, тимот на Охрид 2013 прикажа недоволно сигурна игра, со многу грешки кои противникот знаеше да ги искористи.

WebOhrid