Ќе се одржи концерт на градскиот плоштад по повод 8-ми март

По повод одбележувањето на 8- ми март- Меѓународниот ден на жената, хорот „Распеано герданче“ ќе одржи свечен концерт. Концертот ќе се одржи во сабота, на 8- ми март, на градскиот плоштад пред споменикот на „Св. Климент Охридски“ со почеток во 12 часот и 30 минути.