Монодрамата „Ах жени, жени“ утре ќе се прикажува во Центарот за култура

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, по повод осмомартовскиот празник, утре со почеток во 21:00 часот ќе се прикажува монодрамата-комедија „Ах жени, жени“. Монодрамата „Ах жени, жени“ е комплетен авторски проект на Ташко Лаброски. Влезот чини 100 денари.