Почнуваат да се средуваат јавните површини во стариот дел на Охрид

После средбата на градоначалникот Никола Бакрачески со граѓаните од стариот дел на градот  пред десеттина дена, на која беа изнесените нивни потреби за подобрување на инфраструктурата, резултира со почеток на уредување на просторот во населбата Канео и делот што води кон црквата „Св. Јован-Канео“.

Екипите на охридските јавни претпријатија пристапија кон средување на патеките  што водат кон црквата  и  кон плажите Потпеш и Канео  кои ќе бидат осветлени со  нови канделабрии. Наредениот период целосно ќе се реконструираат  и  постоечките потпорни ѕидови а поради заштита за минувачите ќе се подигнуваат и нови.

obikolka_400

Денес  екипите на охридските јавни претпријатија отпочнаа градежни зафати за средување на патеките  што водат кон црквата „Св. Јован-Канео“ и  кон плажите Потпеш и Канео. Насоките за реализација на активностите во овој дел од градот ги презентира Раководителот на Секторот за поддршка на градоначалникот, арх. Зоран Рафтоски.

obikolka_400_1

Заради големата фреквенција на луѓе на овој простор, посебно во текот на летната сезона предвидено е целосно да се реконструираат постоечките потпорни ѕидови, кои претставуваат опасност по безбедноста на минувачите, а заради поголема заштита ќе се подигнуваат и нови. Исто така се планира поставување на ново осветлување, односно замена на старите со нови фенери ќе добие и патеката што води кон црквата посветена на „Св. Јован-Канео“. Овој простор од градов ќе добие нови зелени површини и хорти културно ќе се дооплеменува.