Канеофест распишува конкурс за фестивалот Канеофест 2014, кој се одржува по 13 пат, а и овој пат е под покровителство на Телевизија Морис.
Покрај долгогодишната традиција на фестивалот за забавна музика, оваа година по втор пат Канеофест воведува уште една фестивалска вечер наменета за фолк музика, наименувана како МОРИС ФОЛК 2014.
Условите на фестивалот се следни:
• Композицијата мора да биде нова, дотогаш неизведена
• Композицијата не смее да содржи навредливи содржини
• Композицијата не смее да биде подолга од 4 мин
• Композицијата после изведбата останува во сопственост на фестивалот
Категоризирањето и изборот на песни ќе се врши по доставените композиции со нотен запис или демо снимка испратени на адреса; ТВ Морис, п-фах 131, 6000 Охрид.
Сите заинтересирани кои би сакале да бидат дел од учесниците од Канеофест 2014, на поп или на фолк вечерта кои ќе се одржат на крајот од месец јуни 2014 година, ќе можат да се информираат на;
www.moris.com.mk, Тел/факс. 046/25-50-50
Изборот на победници и овој пат ќе биде со гласање на публиката и жири комисија.
Ќе бидат обезбедени пристојни награди за победниците а за секој учесник на Фестивалот ќе следи DVD пакет од фестивалот.Канеофест ги задржува сите авторски права за емитување и дистрибуција на материјалот.
КОНТАКТ; antonio_malceski@hotmail.com, 075/433-610
kiki_aleksieska@hotmail.com 078/735-923
tvmoris@yahoo.com 078/255-121
kaneofest_jovan@hotmail.com 071/584-900