ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка по повод 8ми март

По повод Денот на жената осми Март, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати честитка до сите припаднички на понежниот пол, во која стои:

„Во едно современо и модерно општество жената преставува највозвишена вредност. Воедно таа е и нераскинлив дел од стремежот за развој и просперитет. И токму ваквите вредности ја прават жената олицетворена во мајка основен постулат во домот и семејството, но и во работата, политиката…т.е основен постулат во секој аспект од нашето секојдневие.

Оддавањето на почит кон жената и нејзината рамноправност е нераскинлив дел од демохристјанскиот дух и од политичките дејности на ВМРО-ДПМНЕ.

ОК на ВМРО-ДПМНЕ го честита овој универзален ден на жената! Среќен 8ми март! “- стои во честитката на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.