ОО на СДСМ Охрид со честитка до припадничките на понежниот пол

По повод Меѓународниот ден на жената 8ми Март ОО на СДСМ Охрид на сите припаднички на понежниот пол им го честита празникот потенцирајки го следното:

„8ми Март е денот кога се одбележуваат активностите и постигнувањата на припадничките на понежниот пол во делот на социјално-општествениот,семејниот и политичкиот живот. Почитувајки ги овие вредности посакуваме иднината да биде со еднакво или поголемо учество за жената во остварување и постигнување повисоки дострели во сите сфери на општественото живеење.“– стои во честитката на ОО на СДСМ Охрид.