ДЗС: Индексот на трошоците на животот во февруари 2014, во споредба со февруари 2013 година, бележи пораст од 0.6%

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во февруари 2014 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало 99.5.

Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0.1% во февруари 2014 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на шеќерот за 1.9%, мастите за 1.6%, овошјето за 0.8%, месото и замрзнатиот зеленчук за 0.7% и преработките од млеко за 0.4%.

Во февруари, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 9.3%, информатичката опрема за 8.5%, гасот за домаќинстата за 7.6%, течните горива и мазива за 1.0%, течните горива за домаќинствата за 0.9%, апаратите за домаќинствата за 0.8% и обувките за
0.7%.

Пораст на индексот на трошоците на животот во февруари 2014 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кајконзервираното овошје за 2.1%, зеленчукот за 1.6%, мармаладите и чоколадните производи за 0.7%, рибата за 0.6%, алкохолни пијалаци за 0.5%, лебот и житариците, сувомеснатите производи и преработките од зеленчук за 0.4%, свежото млеко за 0.3%, тестенините и др. прехранбени производи за 0.2%.

Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите во патниот сообраќај за 3.3% телефонските и факс апарати и услуги за 0.9%, мебелот за 0.4% и фармацевтските производи за 0.2%.
Индексот на трошоците на животот во февруари 2014 година, во споредба со февруари 2013 година, бележи пораст од 0.6% а индексот на цените на мало бележи пораст од 0.4%.