Стравот од пораз кој се согледува кај политичкиот опонент СДСМ е само мотив повеќе од нивна страна за користење на средства за манипулација, се со цел очајничко привлекување глас повеќе на престојните избори. Но, граѓаните на Охрид како и впрочем граѓаните на Република Македонија добро знаат за нивните празни ветувања, за нивните празни зборови. Вака ја започна денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, Никола Митровиќ.
„Денес, сите ние ги чувствуваме последиците од еден мрачен т.е најмрачен период на Охрид кој беше проследен во осум години владеење на СДСМ. Период на тотален хаос во сите сегменти , од милионски долгови, до пренатрупана и неефикасна администрација, до урбанистички хаос и сл.Последица од која ќе треба со години домаќинско работење како што тоа го прави Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Бакрачески заедно со ВМРО-ДПМНЕ за да се исправи и анулира затекнатата состојба . Консолидирањето на трошоците и создавањето на ефикасна администрација е основа за подобрување на Локалната самоуправа. Кон тоа се стреми и целосно е посветена агендата на градоначалникот Бакрачески.“-рече Митровиќ.
Митровиќ запраша, каква била агендата на СДСМ и колкави биле трошоците за службени патувања на администрацијата во време кога СДСМ беше на власт во Охрид.
„Дали ќе бидете доблесни и да ги кажете бројките на потрошени средства кои сте ги користеле за службени патувања во периодот од 2005 до 2013 година март месец.Бидете отчетни пред Вашите сограѓани и дадете објаснение во што граѓаните на Охрид увиделе корист од ваквите службени патувања и безцелно трошење на нивните пари? Одговорете, Дали сте успеале да донесете некој инвеститор, или сте реализирале некоја странска капитална инвестиција. Од друга страна отчетноста како највисока доблест кон граѓаните дадете ја и за репрезентациите кои сте ги користеле во периодот од од 2005 до 2013 година март месец!Или еве ако тоа Ви преставува проблем, тогаш одговорете на прашањето дали за вас преставува домаќинско работење и водење на локалната самоуправа на начин на кој за само три месеци од 2013 година сте потрошиле огромни средства за репрезентации? И за кои цели? Зарем мислите дека со заминувањето од власт на СДСМ се амнестирате од сите неправди кои ги има направено кон Охрид и нашите сограѓани.Зарем мислите дека граѓаните на Охрид не ја согледуваат Вашата манипулација и Вашите празни зборови на пресконференции со измислени тематики. Бидете сигурни дека Охриѓани ја знаат правилната опција, ги препознаваат вистинските вредности и реализираните проекти на ВМРО-ДПМНЕ како на државно така и на локално ниво и уште еднаш на престојните избори ќе ја потврдат довербата кон ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓувреме и ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Охрид очекуваат дирекни одговори на поставените прашања.“ запраша Митровиќ.
Од друга страна во врска со денешната прес конференција на СДСМ, од ОК на ВМРО ДПМНЕ укажаа:
„Се додека се занимаваат со отчетот на градоначалникот Бакрачески и Локалната самоуправа тогаш јасно е дека се зборува за дела бидејќи ние во целост ја покажавме нашата отчетност кон граѓаните на Охрид и она што сме го сработиле и што ќе го сработиме, но што да се рече кон СДСМ кога од нивна страна не видовме отчет, не видовме транспарентност. Според тоа заклучокот е повеќе од јасен.“– заврши Митровиќ.