Гимназијалците – победници на турнирот во ракомет во Велгошти

Денес во Спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти екипи од средните училишта од Охрид играа турнир во ракомет. Гимназијалците победија и во машка и во женска конкуренција.

Во двете финалиња беа постигнати следните резултати:

·ж·  ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски 2:8 ОСУ „Св.Климент Охридски“

·м·  ОСУ „Св.Климент Охридски“ 9:6 ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

Настанот беше организиран од Сојузот на училишен спорт – Охрид.

Ангелче Андриоски