ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати рекација во врска со денешното соопштение на ОО на СДСМ Охрид, во кое стои
„Процесот на спинување на прашања и избегнување на одговорноста што ја прави ОО СДСМ е крајно лицемерно и кон политичките опоненти и пред се кон граѓаните на Охрид.
Имено, во соопштението на СДСМ насочено кон ВМРО ДПМНЕ се кажува „крајно време е да престанете да се занимавате со минатото“. Дали оваа реченица според вас значи дека веќе сте се амнестирале од се она што сте го спроведувале за цели осум години додека СДСМ беше на власт во Општина Охрид?
Верувајте, граѓаните на Охрид ја бараат одговорноста што треба да се спроведе се со цел докажување на мрачниот период во кој Локалната самоуправа беше управувана од СДСМ.
ВМРО ДПМНЕ апелира политичката борба да се води исклучиво врз база на факти и издржани податоци, а не врз неиздржани фрази.
Од друга страна и повеќе од јасно е домаќинското работење на градоначалникот Бакрачески и Локалната самоуправа како и на ВМРО ДПМНЕ. Впрочем тоа најдобро е прикажано во отчетот на градоначалникот Бакрачески. Тука се сите реализирани проекти, но и проекти за кои се направени сите потребни спецификации за нивно отпочнување.
На ВМРО ДПМНЕ и на граѓаните на Охрид им се познати вашите ставови кон значењето на поимот отчет, бидејќи добро се сеќаваме дека од СДСМ не видовме отчетност пред граѓаните на Охрид и оттаму сосема е разбирлива вашата инфериорност кога станува збор за отчетност.
Но на минатиот прес на ВМРО ДПМНЕ ви се укажа можност отчетноста која не ја имате спроведено во периодот од осум години да ја спроведете преку одговор на неколкуте поставени прашања и тоа: Колкави средства се потрошени за службени патувања во периодот од 2005-2013 година март месец? И за кои цели биле спроведени овие патувања?
Од друга страна, колку средства за репрезентации биле потрошени во периодот од 2005 до 2013 година март месец. Или повторуваме, доколку Ви е тешко да одговорите за цели осум години, тогаш дадете отчет за потрошени средства за репрезентации само за првото тромесечие од 2013 година.
И токму кога граѓаните на Охрид, пошироката јавност и ВМРО ДПМНЕ очекуваше соопштение со одговор на овие прашања СДСМ излегува со спинувани фрази. Токму тука се согледува несериозен однос кој впрочем можевме да го согледаме и во период од цели осум години кој го имавте кон граѓаните и градот Охрид.
Со доаѓањето на градоначалникот Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ започна еден нов период на препород на градот Охрид. Период на намалување на затекнатите милионски долгови на градот Охрид, спроведување на ефикасна администрација, уредување на урбаниот хаос наследен од времето на СДСМ и сл. Токму поради тоа, ваквите небулози кои ги користи СДСМ се само мотив повеќе за градоначалникот Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ кон реализација на ветените но и на други дополнителни проекти во интерес на сите граѓани на Охрид.“– стои во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ кон денешното соопштение на ОО на СДСМ Охрид.