Митровиќ: Вистината и отчетноста е потребната доблест и политичка култура која треба и мора да ја имаат сите политички партии

Портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Никола Митровиќ на денешната прес конференција истакна дека од денес ВМРО ДПМНЕ започнува една плејада на пресови, со кои всушност како што рече тој ќе го укажуваат  недомаќинското работење на СДСМ во изминатите 8 години.

„Тоа ќе се потврдува со факти и податоци, а додека чекаме да излезат на отчет пред граѓаните со поставените прашања од наша страна ќе се обидеме да отвориме други теми, се со цел да укажеме на она што било недомаќинско работење за време од 8 години на владеењето на СДСМ.  Имено, ВМРО ДПМНЕ е сериозна политичка партија, партија која секогаш се потпира на факти и проверени податоци. Ваквиот принцип на работа е доследен и секогаш е во интерес на граѓаните. Впрочем вистината и отчетноста е потребната доблест и политичка култура која треба и мора да ја имаат сите политички партии. Но за жал очигледно дека тоа недостасува кај политичкиот опонент СДСМ.“ – истакна Митровиќ.

Како што рече Митровиќ, на неколкуте прозивки од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон СДСМ и барањето за отворена политичка конфронтација со бројки и факти од другата страна не добиле  никаков одговор.

„Сепак, тематиката за безразумното трошење на народни пари од страна на СДСМ за време на нивното владеење со градот Охрид нема да заврши со нивното немо негирање, туку напротив со обелоденување на нивното недомаќинско работење.Токму поради тоа како пример на оваа прес конференција ќе ги земеме ИСПЛАТЕНИТЕ ГОРИВА И МАСЛА ЗА АВТОМОБИЛИТЕ НА ОПШТИНА ОХРИД.  Полезно ќе беше оваа тематика да ја видевме во одреден отчет на СДСМ во периодот од 2005 -2013 година март месец, но за жал не видовме никаква отчетност кон граѓаните на Охрид. ВМРО ДПМНЕ водена од своите принципи за отчетност ќе ги обелодени потрошените средства од страна на СДСМ за периодот 2005 – 2013 година. Граѓаните имаат право да ја знаат вистината и неразумното трошење на нивните пари.“ – рече Митровиќ.

NikolaMitrovic_press_2

„Како последен предуслов за нивната отчетност кон граѓаните на Охрид, ги прашуваме дали во периодот од 2005 до март месец 2013 година за ГОРИВА И МАСЛА ЗА АВТОМОБИЛИТЕ НА ОПШТИНА ОХРИД. вкупно се потрошени огромни неразумни суми на средства и тоа:
За 2005 година 425,003,50 денари
За 2006 година 1, 404,271,50 денари
За 2007 година 857, 525,00 денари
За 2008 година 1, 571,798,00 денари
За 2009 година 1, 109,800,00 денари
За 2010 година 1, 019,441.00 денари
За 2011 година 505,199.00 денари
За 2012 година 1, 844,563.50 денари
За 2013 до 04.04. 56,850.00 денари

Ваквиот принцип на нивно недомаќинско трошење на парите на граѓаните и вртоглавите осцилации од година во година е само пример за неразумноста која преовладувала низ осумте години на СДСМ.
Господо од СДСМ еве ви можност да спроведете отчетност кон граѓаните на Охрид и да кажете зошто и на кој начин се потрошени огромни суми народни пари.“ – додаде Митровиќ.

На прес средбата, портпаролот Митровиќ упати апел и укажа дека ВМРО ДПМНЕ, граѓаните на Охрид и пошироката јавност се во исчекување на одговори на веќе претходно поставените прашања за потрошените репрезентации за периодот од 2005 до 2013 година март месец како и потрошените средства за службени патувања во истиот период.

„И додека на трагикомичен начин обвинувате за монотоност во пресовите, доблесно е да дадете поопширен одговор на веќе поставените прашања. Градоначалникот Бакрачески, Локалната самоуправа и ВМРО ДПМНЕ во целост се посветени кон домаќинско работење и враќање во нормала на сите сегменти од делувањето во Општина Охрид. Тоа се прави со комплетна посветеност во работата за анулирање на се она што е уништено и неразумно потрошено од страна на СДСМ. Таков е принципот и на градоначалникот Бакрачески и на ВМРО ДПМНЕ. Тој принцип јасно е препознатлив кај граѓаните на Охрид и уште еднаш ќе биде потврден на престојните избори.“ –  потенцира Митровиќ.