Во насока на подобрување на ефикасноста во работењето на општина Охрид, по претходни подготовки, денес започнаа активности за имплементацијата на најсовремен, интегриран општински информационен систем. Со ова Охрид е прва и во овој момент единствена општина на државно ниво што го реализира овој најнов проект од информатичката сфера. По претходно распишан тендер изработувач на истиот е информатичко софтверската фирма „Ентер“ од Охрид.
Со воведување на овој најсовремен софтверски систем во работењето, се овозможува подобрување на перформансите на секој вработен и зголемена ефикасност на општинската администрацијата како и квалитет и брзина при услужување на граѓаните. Со новото софтверско работење ќе се обезбедува целосна контрола заштита и увид во сите фази при обработка на предметите од урбаната, даночна, финансиска и другите сфери од работењето на администрацијата.