Викенд-натпреварувањата продолжуваат согласно календарот – почит ќе биде оддадена со едноминутно молчење

Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека сите натпреваруварувања за време на викендот продолжуваат согласно календарот за натпревари.

Во чест на трагично загинатиот директор на фудбалската репрезентација на Македонија г-н Петар Милошевски, ќе биде оддадена почит со едноминутно молчење пред почетокот на сите натпревари.