ВМРО-НП: Владата пред избори да каже кои фирми ќе бидат опфатени со Законот за стечајци

На денешната прес – конференција, ВМРО – Народна партија се осврна на Законот за стечајци, кој Владата на Република Македонија некаде пред два – три месеци го донесе.

„Како политичка партија, ВМРО – Народна партија преку иницијатива и процедури низ Собранието на Република Македонија предложи еден ваков закон за стечајци кој беше во лавиринтот на Собранието, а никогаш не дојдне на дневен ред. Владата на ДПМНЕ пред неколку месеци тврдеше дека не е можно да се донесе еден ваков  закон, но откако увиде дека рејтингот вртоглаво им паѓа, беше приморана да денесе токму ваков закон. Почучени од минатите ветувања за некакви проекти кои ги напоменавме во претходните пред – конференции, се сомневаме во искреноста на носењето вакви на ваквите закони и затоа бараме одговор на неколу прашања. Со овој закон, требаше да бидат опфатени преку 6.000 граѓани и толку се пријавија после огласот, меѓутоа зошто Владата веќе два – три месеци не носи решенија.  Кои фирми се опфатени со овој закон? Не се илјадиници, туку се работи за двасеттина фирми кои Владата ги знае, а се уште никаде ги немаме кои ќе бидат опфатени со овој закон. “- обвини претседателот на ОК на ВМРО НП Охрид, Ванчо Костоски.

Од ОК на ВМРО НП Охрид мислат дека ова е уште еден предизборен трик, односно дека целта е овие 6.000 граѓани да се држат до избори и да ги притиснат да гласаат за нив, а после избори само 10 до 20 % ќе бидат опфатени со овој закон.

„Еве на локално ниво, преку 700 работници се пријавени за да се опфатат со овој закон, меѓутоа  не се знае ниту кои ДООЕЛ-и ќе бидат опфатени. Спред нашите сознанија, од 700 пријавени опфатени можат да бидат само 60 до 70 работници.За да ја видиме искреноста на Владата, ја повикуваме пред избори да кажат кои фирми ќе бидат опфатени со овој закон, колку луѓе ќе бидат опфатени реално и да им се издаде решение дека се опфатени со законот.“- додаде Костоски.