Течат последните подготовки за одбележување на патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти. Учениците заедно со нивните наставници денес екипата на WebOhrid ги затекна како ги вежбаат точките со кои ќе настапат на свечената приредба која ќе се одржи во четврток, на 20 март.
„Приредбата ќе започне со почеток во 19 часот. Годинава, темата ќе биде „Звуците на мојата татковина“. Ќе има хор, рецитал, сега во последно се оди на модерни патронати, сепак она што си е класично е 0на што вреди. Инаку хорот интензивно се подготвува, а исто така и рециталот. Хорот е под менторство на одделенскиот наставник Оливера Петкоска.“ – истакна за WebOhrid, директорот на ОУ „Живко Чинго“- Велгошти, Ѓоко Чингоски.
Новитет, годинава открива Чингоски е тоа што за прв пат патрониот празник на училиштето ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“.
„Оваа година сакаме малку сценски да се изведи програмата, учениците од ОУ „Живко Чинго“ на сцена, пред публика да го изведат тоа“. – рече Чингоски.
Директорот Чингоски, најави дека наредните години ќе бидат изведени и драмски претстави, се со цел темата да биде различна секоја година.
WebOhrid