Работнички на чекор до финалето, Тетекс и Металург одиграа без голови

Во првите полуфинални пресметки од Купот на Македонија, Работнички ја совлада Брегалница со 2:0, додека пак Тетекс и Металург одиграа без голови.

На Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, фудбалерите на Работнички остварија победа со головите на Петровиќ во првата и Сулејманов во 72 минута.

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Тетекс одигра без голови против Металург на првиот натпревар на стадионот во Ѓорче Петров.

Реванш натпреварите ќе се играат на 16 април.

WebOhrid