Расчистен потегот од Св.Богородица Каменско до пресекот со улицата „Кирил и Методиј“

Денес екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ спроведоа акција за расчистување на потегот од црквата Св.Богородица Каменско до пресекот со улицата „Кирил и Методиј“. Се расчистуваше поширокиот дел од шумскиот појас од расфрлан комунален и кабаст отпад, како и градежен шут и собрани се 5м³ отпад.

Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги спроведува овие вонредни активности по претходно добиен налог од Општинскиот инспекторат.