Утре ќе биде претставен националниот кириличен домен (.мкд)

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и директорот на Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет, Сашо Димитријоски, утре, четврток  ќе го претстават националниот кириличен домен (.мкд), кој ќе ја означува Република Македонија во меѓународниот интернет простор.

Настанот ќе се одржи во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков„ во Скопје.