Денес календарски започнува пролетта

Денес, на северната полутопка на Земјата, во 17  часот и 57 минути календарски почнува пролетта. Во исто време на јужната полутопка на Земјата календарски ќе започне есента.

Денот  ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути.

Пролетта ќе трае 99 денови, 17 часа и 55 минути се до 21 јуни во 1:09 часот после полноќ, кога календарски почнува летото.

Летното сметање на времето, пак,  ќе почне ноќта меѓу 29 и 30 март кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.

За првиот пролетен ден метеоролозите најавуваат сончево време со температури до 22 степени.