Одржана годишната регионална конференција на директорите на царините од европскиот регион на СЦО

Делегација на Царинската управа на Република Македонија, предводена од директорката, на 17 и 18 Март во Тбилиси, Грузија, учествувше на годишната регионална конференција на директорите на Царинските управи од европскиот регион на Светската царинска организација (СЦО). На конференцијата присуствуваа директори и високи претставници од 53 царински служби од земјите од регионот и генералниот секретар на СЦО.

На конференцијата се разгледуваа најбитните прашања од регионален интерес, политиките на СЦО, зајакнувањето на царинските капацитети и Регионалните разузнавачки канцеларии за врски (РИЛО).

Претставник на Царинската управа на Република Македонија ги презентираше најбитните тековни активности на Царинската управа на Република Македонија како и резултатите од настаните одржани во Република Македонија во ноември 2013 година организирани од СЦО, односно од состанокот на раководителите на службите за контрола и истраги на царинските управи на земјите од Европскиот регион на СЦО и од Регионалната конференција за улога на царината во заштитата на културното наследство.