Утре, 21 март (петок) на градскиот плоштад ќе се реализира манфестацијата „Да ја дочекаме пролетта“.
На манифестацијата ќе учествуваат дечињата од 5-10 годишна возраст со дефиле под пролетни маски и ќе настапат со неколку музичко – ритмички точки со содржина за пролетта.
На манифестацијата може да се приклучат и деца од основните училишта по настапот на децата од градинка.
Предвидена е и активност „Да го прегрнеме Езерскиот бисер“ со цел да се упати порака дека треба да го чуваме и заштитуваме.
Дел од манифестацијата ќе се одвива во рамките на градинката ќе се собира хартија и пластична амбалажа.