Јавното претпријатие „Нискоградба“ изминативе денови со неколку активности на терен. Во населбата Коњско се извршуваше поплочување на патеки со бехатон плочки. Вкупната поплочена површина изнесува 230 м².
На булеварот „Туристичка“ наспроти маркетот „КАМ“ се врши дислоцирање на пешачкиот премин на петнаесетина метри од постоечкиот. Дислоцирањето се прави поради безбедносни причини. Во следните неколку дена, преминот ќе се поплочи и ќе се исцртаат зебри.