ВМРО-ДПМНЕ: Дали со лошото менаџирање на ЈП Проаква свесно се одело кон тоа да се продаде претпријатието?

„Додека градоначалникот Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ одат кон креирање на еден подобар Охрид, се стремат кон анулирање на милионските долгови, кон целосно уредување на она што преставуваше туристички, културен и економски центар и после една година од заминувањето на СДСМ и завршувањето на мрачниот период на Охрид последиците од нивното владеење се уште се чуствуваат и одат до бесконечност“– рече на денешната прес конференција  портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Никола Митровиќ.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, на прес средбата потсетија дека ВМРО ДПМНЕ константно апелираше во периодот од 2005-2013 година за недомаќинското работење на СДСМ, за несовесното управување со Локалната самоуправа за доведување на јавните претпријатија пред финансиски колапс, за урбаниот хаос, за неефикасната и пренатрупана администрација со еден збор за уништувањето на Општина Охрид во секој сегмент.

„Од денешен аспект, ВМРО ДПМНЕ согледувајќи ја наследената состојба на Општината укажуваме дека мора да се соочиме со реалноста а тоа е дека нашите апели за уништувањето на Охрид од СДСМ се покажаа како вистинити. Последиците од тој мрачен период на СДСМ се чуствуваат и ден денес впрочем како доказ преставува секојдневното пристигнување на нови милионски суми на долгови. Покрај обелоденувањето на огромните суми потрошени средства во периодот од 2005-2013 година на различен основ во Општина Охрид за кој што не добивме никаков одговор од страна на СДСМ ништо поразлична состојба не е ни затекната во Јавните претпријатија во градот Охрид. Очигледен доказ преставува вчерашната вест на нов долг на МЈП Проаква во износ од над милион и пол евра.Но хронолошки ако го погледнеме претпријатието Проаква ќе согледаме дека од профитабилно претпријатие до 2005 година со доаѓањето на СДСМ и новото раководство започнува период на трупање на милионски суми на долгови.“– рече Митровиќ.

NikolaMitrovic01

Во периодот од 2005 до 2013 година МЈП Проаква прикажува во континуитет загуба во работењето. Со тоа се губи и довербата кај странските донатори како сериозна фирма за идни инвестиции, додаде Митровиќ.

„Во мрачниот период на СДСМ од 2005-2013 година се зголемуваат долговите кон добавувачите по сите основи. Енормно зголемување на вработени лица за кој прашуваме дали биле спроведени по партиска припадност? Дали репрезентацијата во ова претпријатие за периодот од 01.01.2013.до 30.03.2013 година изнесувала само за Охрид 1 010 000 денари? Во периодот од 2005 до 2013 година замислете не се набавени никакви градежни машини, и опреми алати? Зарем не им било целта модернизација на претпријатието! Стотици судски спорови меѓу кои и со вработените за неисплаќање на патни трошкови и хранарина по стариот закон. За недомаќинското работење во ЈП Проаква има уште многу други примери и прашања, кои ќе ги обелодениме понатаму и се тоа само во интерес на граѓаните на Охрид. Но останува прашањето дали со ваквиот принцип на менаџирање на ЈП проаква свесно се одело кон тоа да се оттуѓи односно да се продаде Претпријатието? “- запраша Митровиќ.

Митровиќ потенцира дека ВМРО ДПМНЕ, градоначалникот Бакрачески со Локалната самоуправа имаат за цел на Охрид да му го вратат препознатливиот сјај и енергија и кон тоа секојдневно посветено се работи.

„Охрид повторно да биде прекрасно место за живеење функционирајќи беспрекорно во сите сегменти. И покрај тешката затекната состојба и огромните милионски долгови на Локалната самоуправа Градоначалникот Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ се истрајни кон реализација на дадените ветувања и проекти. Охриѓани а и пошироката јавност го препознаваат домаќинското работење со што несомнено на престојните избори ќе ја дадат својата поддршка кон ВМРО ДПМНЕ.“– заврши Митровиќ.