Меѓународниот монетарен фонд на почетокот на месецов на Албанија и даде заем од околу 330 милиони евра, но бара албанската влада да ја зголеми старосната граница за одење во пензија.
„ММФ бара мажите да одат во пенизја на 67 годишна возраст, наместо на 65 колку што е сегашната граница, а жените на 65 наместо на 63години“, пренесува порталот „Албеу“.
Според ММФ, актуелната тежина на пензиите врз државниот буџет е голема и може и понатаму да ја отежни ситуацијата, поради ниските придонеси за осигурување и неприкажувањето на реалната плата од страна на голем дел од вработените.
„Албанците кои добиваат просечна или висока плата, декларираат многу пониска реална плата за да не плаќаат повисоки придонеси“, оценува ММФ.
ММФ смета дека Владата на Еди Рама треба да ги зголеми давачките за увоз на стари возила во земјата и да зголеми неколку даночни стапки во одредени сфери.
Извор: Нет Прес