Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во рамките на своите програмски активности и надлежности изврши обиколка и контрола на млекопроизводствени капацитети во Битола и битолско.
За време на посетата на битолската млекарница БиМилк Димовски посочи дека средбата со менаџментот на млекарницата овозможила да се информира за проектите кои ги реализира МЗШВ во соработка со таа компанија, со која како што рече министерот Димовски имаат традиционално добри партнерски односи.
„Најголем дел од потрошувачите се уверени и потврдуваат дека македонското млеко е најквалитетното млеко. Нешто со што можеме да бидеме горди и задоволни е токму брендот на БиМилк заради тоа што го пласира на пазарот е со врвен квалитет. Битолската млекарница е таа што покажува најдобри резултати при запазувањето на сите критериуми и истовремено драго ми е што е зголемен капацитетот, производството на дневна основа на млеко и млечни производи, а истовремено се реализираат инвестициски зафати и нови погони и линии со цел уште повеќе да се зголеми квалитетот на македонското млеко“, истакна Димовски.
Министерот Димовски во придружба на генералниот менаџер на Битолската млекарница Златко Најдовски во селото Мусинци ја посетија краварската фарма „Млекопромет“ која има стадо од 50-на грла говеда.
„Посетивме фарма во која што се искористени средствата од програмата со која што се поддржува набавка на висококвалитетни грла говеда за понатамошно производство на млеко, како и контрола на млекото и задоволни сме од постигнатиот успех“, рече меѓудругото Димовски.
На прес-конфренција во Битола беше соопштено дека БиМилк во првиот квартал од оваа година го зголемиле домашниот откуп за 15 отсто, а тоа се должи на зголемениот увоз на висококвалитетни грла од Европската унија, како и субвенциите кои ги олеснуваат давачките на фармерите.