Политичката криза ја намали цената на свежото млеко

Револт и незадоволство владеат меѓу фармерите во Пелагонија откако најголем дел од млекарниците ја намалиле цената за откуп на свежото млеко. Намалувањето, во просек, е за два денари по литар, така што сега цената по која се откупува млекото од фармерите е намалена на 14-15 денари за еден литар. Она што според нив е симптоматично е што млекарниците најчесто ја коригираат цената на млекото за фармерите со помало производство. „Жртви се помалите кооперанти, ним им ја намалија цената за дури два денари. Кај големите кооперанти, пак, цената останува од 20…

повеќе...

Исплатени 37,4 милиони денари субвенции за млеко на 1.791 сточар

Владата денеска исплати субвенции за овчо, кравјо и козјо млеко во износ од 37,4 милиони денари. Средствата се исплатени на сметките на 1.791 сточар. Инаку, висината на мерката изнесува 3,5 денари по произведен и продаден литар млеко со вклучена дополнителна поддршка од 15 отсто за подрачја со отежнати услови за производство.

повеќе...

Работилница за распоредување на млечни производи, додатоци на храна и повеќе функционални уреди

Царинската управа во соработка со Светската царинска организација и под покровителство на Фондот за царинска соработка на Германија, од 04. – 08.05.2015 година во Скопје, организира Работилница за тарифно распоредување на одредени стоки со фокус на распоредување на млечни производи, додатоци на храна и мулти – функционални високо-технолошки уреди. Целта на оваа работилница е да се обезбеди ажурирање на класификацијата на млечни производи, додатоци на храна и на најновите мулти-функционални високо-технолошки уреди и еднообразна примена на Номенклатурата на хармонизираниот систем. Фокусот на работилницата ќе биде на суштинските основни правила на…

повеќе...

Македонија ќе продолжи со примена на европските стандарди за безбедност на млекото

Во врска со информациите за извршена измена на Правилникот за максимално дозволени количини на остатоци од средства за заштита на растенијата во храната и храната за животни како и за храната и храната за животни за кои се утврдуваат максимално дозволени количини на остатоци од средства за заштита на растенијата ( Службен гласник на РС бр 72/14 0д 14 јули 2014 година) од страна на Министерството за земјоделство и заштита на животната средина на Република Србија со кој го зголеми максимално дозволеното ниво на афлатоксин М1 од 0,05 на 0,25…

повеќе...

Намалено производството на овчо и козјо млеко во 2013 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2013 година изнесува 380735 илјади литри што е за 8,9% повеќе во однос на 2012 година.  Намалување на производството од 11.3% во 2013 година е забележано кај овчото млеко, додека кај производството на козјо млеко е забележано намалување за 3.1% во однос на претходната година.  Вкупното производство на месо е намалено за 9.8% при што производството на говедско месо е во пораст, а производството на овчо, свинско и живинско месо бележи пад.  Од другите добиточни производи, во 2013, во однос на…

повеќе...

Зголемено производството на млеко, намалено производството на месо

Според податоците на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2013 година изнесува 380735 илјади литри што е за 8,9% повеќе во однос на 2012 година.  Намалување на производството од 11.3% во 2013 година е забележано кај овчото млеко, додека кај производството на козјо млеко е забележано намалување за 3.1% во однос на претходната година.  Вкупното производство на месо е намалено за 9.8% при што производството на говедско месо е во пораст, а производството на овчо, свинско и живинско месо бележи пад.  Од другите добиточни производи, во 2013, во однос на…

повеќе...

Димовски: Македонското млеко е најквалитетно

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во рамките на своите програмски активности и надлежности изврши обиколка и контрола на млекопроизводствени капацитети во Битола и битолско. За време на посетата на битолската млекарница БиМилк Димовски посочи дека средбата со менаџментот на млекарницата овозможила да се информира за проектите кои ги реализира МЗШВ во соработка со таа компанија, со која како што рече министерот Димовски имаат традиционално добри партнерски односи. „Најголем дел од потрошувачите се уверени и потврдуваат дека македонското млеко е најквалитетното млеко. Нешто со што можеме да бидеме…

повеќе...

Сахара Груп ќе инвестира во Џумајлија

Сахара Груп во следните три години ќе инвестира во агрокомбинатот Џумајлија околу 211 милиони евра, ќе вработи над 2000 лица и ќе изгради фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20 илјади грла говеда.  „Оваа инвестиција за нас е можност да се развиваме во сегмент што го владееме одлично. Млечната индустрија има можности за развој единствено ако се вложат средства. Без инвестиции ниеден бизнис не е оддржлив, а посебно не сегментот на земјоделството каде тие се повеќе од потребни. Нашите намери во оваа земја се искрени, а со…

повеќе...

Македонија има квалитетно, безбедно и исправно млеко

Македонија има квалитетно, здравствено безбедно и исправно млеко, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по денешната посета на млекарниците Идеал Шипка, Битолска ИМБ и ЦЕРМАТ во Битола. Како што рече на средба со новинарите, Димовски сакал лично да се увери во квалитетот на млекото и процесот на производство, но и да слушне за плановите на компаниите чија основна дејност е откуп и преработка на млеко. Тој во Битола беше придружуван од директорот на Агенцијата за храна и ветерина Дејан Рунтевски. „Со компаниите го споделивиме заедничкиот став дека…

повеќе...

„Суташ“ од мај почнува со производство во Македонија

Турски „Суташ“ кој ја купи млекарата „Сведмилк“ најавува почеток на производство во мај годинава. Ќе почне со шест категории производи. Досегашната инвестиција е 10 милиони евра и се ангажирани околу 50 вработени. Владин тим предводен од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска го посети производствениот капацитет на Суташ во Македонија „Балканска млекара“, при што се запозна со активностите што ги спроведува турскиот инвеститор за почеток на производството. „Со ова очекуваме долгогодишната сага на Сведмилк да биде успешно завршена. Се работи  за најголемата млекара во Турција со обрт од над…

повеќе...