Првиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов се одржа во охридското село Велгошти.
Иванов оствари средба со жителите и пораче дека му претставува чест што кампањата ја започнува токму во Велгошти.
„Кога се работи тимски и заедно секогаш резултатите се видливи! Барам доверба за да работиме заедно како тим за Македонија. Покажавме дека знаеме да ја сакаме Македонија и да се посветиме на граѓаните на Република Македонија. Таа љубов ни се враќа на сите избори, затоа ВМРО-ДПМНЕ победува. Затоа што е со својот народ! Затоа Македонија се гради, се гради просперитетот и успехот на Македонија. Од секој наш успешен човек, произлегува успехот на државата“, изјави Иванов.
Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека му е чест што кампањата ја започнува во Велгошти.
„Ве очекувам за заедно да извојуваме уште една голема, двојна победа за Македонија! Државата пред се! Македонија пред се!“, нагласи Иванов.