НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид на барање на публиката, повторно ќе ја прикажува детската балетска претстава „ВОЛКОТ И СЕДУМТЕ ЈАРИЊА“ и тоа организирано за основните школи од Охрид, утре(26 март) од 14.00 часот, а на редовниот репертоар во САБОТА 29-ти Март со почеток 12.00 часот. Влезот чини 50 денари.
Детската балетска претстава „ВОЛКОТ И СЕДУМТЕ ЈАРИЊА“ е во организација на НУ Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид, а е поддржана од Министерството за култура на Р.Македонија.
Времетраењето на претставата е 45 минути.