Делегација од Општина Дебрца утре ќе оствари средби со жители од неколку села во општината

Во текот на утрешниот ден, 4-ти октомври (сабота), градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски придружуван од секретарот на општина Дебарца, Илија Дуклески, директорот на ЈКП Дебрца, Јасмина Мицкоска, директорот на ОУ „Дебрца,“ Иван Димоски, советниците на советот на општина Дебарца од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска, Нола Исмаилоска, Момчило Аврамоски, Крсто Мукоски и директорот на Пуик, Цветко Грозданов ќе се сретнат со жителите на населените места:

1. Оровник 16 часот во просториите на училиштето

2. Требеништа 17 часот во просториите на училиштето

3. Мешеишта 18 часот во поранешната општинска зграда

4. Ботун 19 часот во просториите на училиштето

5. Велмеј 20 часот во просториите на училиштето.