Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, на почетокот на учебната 2013/2014 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 191 051 што претставува намалување за 2.2% во однос на претходната учебна година. Бројот на учениците во редовните средни училишта, на почетокот на учебната 2013/2014 година, изнесува 86 418 што претставува намалување за 3.9% во однос на претходната учебна година.