ВМРО – Народна партија Охрид, преку соопштение најостро се спротивставува на најавата за преземање на паркинзите во Охрид со јавно – приватно партнерство.
„Сакаме да потсетиме дека ВМРО – ДПМНЕ со секојдневни прес – конференции ја обвинуваше претходната локална самоуправа за истата работа и тоа беше главната точка со која ги доби изборите во Охрид. Дали сега од партијата газат по своите зборови и дали нивниот став е ист?
Ја прашуваме Локалната самоуправа и ЈП Билјанини Извори дали со овој нов систем со кој ја манипулираат јавноста околу некаква исплатливост ќе се отпуштат работниците кои сега работат на паркинзите? Дали нивниот работен однос ќе престане во истиот момент?
За жал, ДПМНЕ и Локалната самоуправа уште еднаш покажаа дека не само што ништо не е променето во изминатава година туку Охрид се врати доста чекори назад. Граѓаните ги препознаа нивните лажни зборови и нивната лажна душегрижност и ќе ги казнат на претстојните претседателски и парламентарни избори.“– се вели во соопштението на ОК на ВМРО-НП Охрид,