Невреме го зафати Охрид

Денес во 16 часот Охрид го зафати големо невреме проследено со силен ветар, врнежи од дожд и грмежи.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, уште утре не очекува променливо облачно време со врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни проследени со ретка појава на грмежи.

Во Македонија наредните денови ќе имаме стабилно и суво време, а од понеделник ќе има поголем пораст на температурата и ќе се движи околу 25-от степен, додека во Охрид ќе достигне до 18 °С.

WebOhrid