ЈП „Билјанини Извори“: Политички маргиналци се дрзнуваат да ги лажат граѓаните со небулози и невистини

ЈП „Билјанини Извори“ Охрид, денес испрати реакција, во која стои:

„ЈП „Билјанини Извори“ со вчудоневиденост остро реагира на пишувањата на една политичка партија која со куп лаги и невистини настојува еден транспарентен процес кој е од интерес и само од интерес на граѓаните на Охрид  да го претвори во политичка манипулација и борба за ефтини политички поени.

Имено, ЈП „Билјанини Извори“ соочено со катастрофалната финансиска состојба, со огромна превработеност на партиски кадри на партијата што реагира и на нивниот довчерашен коалиционен партнер од кого што бесрамно се откажаа откако го уништија јавното претпријатие сега ЈП „Билјанини Извори“ е на домет на политички маргиналци кои се дрзнуваат да ги лажат граѓаните на Охрид со небулози и невистини во однос на проектот за приватно јавно партнерство за користење на паркинзите во Охрид.

Новиот систем на наплатување преставува современ, ефикасен и модерен начин на наплата на паркинзите при што по пат на приватно јавно партнерство во кое што сопственоста на паркинзите останува сопственост на Јавното претпријатие (само да им појасниме на партиите што не ги разбираат тие работи) додека јавниот приватен партнер учествува во правење на софтверски систем, обезбедување на опрема и користење на телефонските линии од операторите. И сето тоа е транспарентно изложено во физибилити студијата за јавно приватно партнерство.

Само да појасниме со овој систем на наплата, ефикасноста на наплатата ќе се зголеми 30 до 40 проценти, можноста за манипулација и избегнувањето на наплата ќе се сведе на минимум а граѓаните ќе можат да ги користат услугите на современ и модерен начин како што ги користат граѓаните во сите поголеми метрополи во светот и кај нас.

Останува на крајот да констатираме дека партиите кој што катастрофално стопанисуваа со јавното претпријатие, бесрамно една одлична идеја за приватно јавно партнерство со кое што ќе се заштедат средства на граѓаните на Охрид и ќе се подобрат паркинг услугите за граѓаните и за туристите кој што доаѓаат во Охрид пробаа да ја искористат за ефтин политички маркетинг.

Но нека одговорат на прашањето:

Зошто додека со јавното претпријатие раководеа нивни кадри без никаква одговорност, го уништија го задолжија и кадровско го натрпаа Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, ги оставија вработените без четири  плати, здравствени картони за кој сега душегрижнички се однесуваат.

Да одговорат на прашањето зошто додека раководеа со јавните претпријатија надвор од било каков здрав разум градските паркинзи ги издава на една група нивни бизнис партнери кој што дебело профитираа од парите на граѓаните а јавното претпријатие пропаѓаше.

Граѓаните ги знаат тие луѓе кои што се од  другата страна на законот.

Јавното претпријатие во иднина ќе продолжи и понатаму да работи во интерес на граѓаните на Охрид и постојано да ги подобрува услугите кој што ги дава за граѓаните на Охрид и за туристите кој што го посетуваат нашиот град.“ – се вели во реакцијата од ЈП „Билјанини Извори“.