ЛДП: Паркинзите се еден сериозен проблем на градот и секое несовесно однесување чини мандат на следните избори

ОО на ЛДП Охрид испрати соопштение до медумите, во кое стои:

„Непринципиелноста на ВМРО ДПМЕ продолжува и понатаму. Сето она што беше  еден вид  носечки маркетинг во предизборната кампања  од  партијата на власт како и горливиот проблем со кој се соочуваа туристите и граѓаните, односно проблемот со паркирањето – повторно се враќа. ЛДП и  нејзиниот претставник во советот  дадоа поддршка на мнозинството за одлуката со која  паркинзите  се  враќаат  на Ј.П Билјанини извори. За жал, шпекулации  во јавноста дека кога и да е  со паркинзите од ЈП Бијанини извори повторно ќе се стопанисува по приципот на јавно приватно партнерство се обзнанија како вистина.

ЛДП е категорична дека паркинзите се исплатива варијанта за јавното претпријатие и дека не постои никаква економска логика во објаснувањата од ВМРО  ДПМНЕ. Ако се има предвид дека секој приватен стопанственик работи за интерес, тогаш како не убедуваат дека со јавното приватно партнерсто ќе има интерес и градот и приватниот стопанственик, а нема да има интерес доколку ЈП самостојно стопанисува?! ЛДП потенцира дека паркинзите се еден сериозен проблем на градот и секое несовесно однесување чини мандат на следните избори.

На крајот на краиштата, доколку не е моментот за ваков софистициран систем зошто тогаш го правите. ?! Но и тоа не е така. Само за илустрација, во повеќето општини во земјава постои ваков софистициран модел на наплата и поставувањето на истиот чини околу 40 илјади евра. Ако подигнете кредит од комерцијалните банки по пристојна бизнис каматна стапка на пример (4,5 проценти), со рок на отплата на (15години),со соодветен бизнис план, месечната рата за отплата би се движела околу 300 евра. Повеќе од јасно е дека оваа месечна рата е издржлива за едно семејство, а да не зборуваме за едно јавно претпријатие и локалната самоуправа. Потенцираме дека со оглед на имотот кој го има јавното претпријатие ваквиот износ би го одобрила секоја комерцијална банка без оглед на долговите кои ги има општината и јавното претпријатие.Реално,постојат проекти во кои јавното приватно партнерство е неизбежно од аспект на преголемите финансии кои се потребни и  како опозиција постојанодаваме поддршка на таквите одлуки. Но, кога станува збор помали износи тогаш тоа е класично разкрчмување на интересите на охриѓани.

ЛДП прашува дали партнерството подразбира донација на опремата  и зошто не кажете дека патнерот ќе учествува во поделбата на профитот?

ЛДП и незиниот претставник во советот бараат од мнозинството во советот да размисли дали партиските интереси и интересите на поединци се поважни од интересите на граѓаните и прашуваме  дали овој пат ќе гласате против сопствениот став и глас  од пред  само неколку месеци?!

Доколку овие препораки не се земат предвид, ЛДП и нејзиниот претставник во советот најавуваат  петиција со која граѓаните би покажале дека се против ваквите одлуки.“– се вели во соопштението на ОО на ЛДП Охрид.