Кражби во цркви во Куратица и Завој

На 26/27.03.2014 година, во с.Куратица, охридско, непознат сторител насилно влегол во црквите „Св. Богородица“, „Св. Димитрија“ и „Св. Никола“, по што извршил тешка кражба одземајќи 3.700 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Во периодот од 16 до 27.03.2014 година, во с.Завој, охридско, непознат сторител насилно влегол во црквата „Св. Богородица“ и извршил тешка кражба од каде одзел околу 3.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.