Општина: Оваа локална власт ги намали енормно високите цени за паркирање

Во врска со соопштението од ЛДП испратено до медиумите, со реакција излезе Општина Охрид во која стои:

„Парадоксално е да ве обвинуваат за несовесно работење луѓето кои беа дел од локалната власт која зад себе го остави најголемиот финансиски пустош забележан во историјата и тоа не само во историјата на општина Охрид, туку и во историјата на сите општини на Балканот. Па од тука неумесно е да се споредуваме со било кои други општини во Македонија.

Сето ова што ЛДП го кажува во нивното сооштение,  околу подигањето на кредити за инвестирање во софистициран модел за наплата на паркинзите, би било во ред доколку како партиципиенти во минатата локална власт, не направеа финансиски пустош во сите Јавни претпријатија и во општина Охрид. Само за подсетување Јавното претпријатие „Билјанини Извори“  беше на работ на егистенција и под знак прашалник беше ставено неговото опстојување и судбината на сите вработени во него, поради огромни долгови кои тие ги оставија како единствено „дело“ позади нив.

По кој знае кој пат им укажуваме дека Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, поради големите долгови од минатото е кредитно неспособно. Па од тука ова нивна „голема идеја“ паѓа во вода. Ние би ги запрашале, каде беа вашите „големи идеи“ кога минатата локална власт,а вие како дел од неа и подрживачи на нејзините одлуки, донесе одлука паркинзите да се издадат под концесија? Каде беа вашите идеи кога се донесе одлуката за зголемување на цената за паркинзите? Каде беа вашите идеи кога се наплаќаше во речиси цело централно подрачје?

Нормално е приватникот да остварува профит, но и ЈП „Билјанини Извори“ и граѓаните на Охрид ќе има бенефит. Само за потсетување, оваа локална власт на чело со градоначалникот Никола Бакрачески, веднаш по нејзиното доаѓање, паркинзите ги врати во сопственост на ЈП „Билјанини Извори“. Со тоа се обезбеди нормално функционирање на претпријатието  и егзистенција за вработените. Исто така оваа локална власт ги намали енормно високите цени за паркирање. Во иднина би ги замолиле господата од ЛДП, пред да даваат вакви „брилијантни идеи“, да се присетат на финансискиот пустош кој го оставија тие како единствено „дело“ позади нив.“ – стои во реакцијата од Општина Охрид.