Здружението на граѓани кои го почитуваат ликот и делото на Јосип Броз Тито избраа нов координативен одбор

Здружението на граѓани кои го почитуваат ликот и делото на Јосип Броз Тито Скопје-Разгранок Охрид го одржа Собранието на здружението. Претседателот на здружението, претседателот Јонче Петрески, потпретседателот Наум Пуфтоски и секретарот-благајникот Димитрија Стојчески пред членовите на координативниот одбор ги презентираа активностите кои досега беа реализирани на здружението на локално ниво.

Од секретарот-благајникот Димитрија Стојчески беше спомнато дека Здружението остварило две посети за 25.05.2010, 11 години за роденденот на Јосип Броз Тито во куќата на цвеќето во Белград. Исто така значајна активност на Здружението на локално ниво е маршот кој е остварен во 2010 година до хотелот Парк во чест на роденденот на Јосип Броз Тито за 25 мај.

Беше презентиран и извештајот за финансиското работење на Здружението во период од 11.02.2005-31.12.2012. Средствата се собрани по основ на членарина. За 2013 година вкупно се собрани 10.300 денари од 103 членови. Во текот на 2014 година до сега собрани се вкупно 7800 денари од 78 членови. Ова здружение е формирано од 2004 година и во Охрид брои 844 членови.

На собранието беше избран нов координативен одбор кој брои 11 членови кои едногласно беа избрани од старото раководство на одборот, како и од членовите. За нов претседател е избран Радоја Митрески, потпретседател Стојан Коруновски и секретар-благајник м-р Томчо Алексоски. Извршниот одбор на здружението едногласно ја изгласа оваа одлука. Составот на координативниот одбор на Здружението е сосема нов.

Ова Здружение и понатака ќе продолжи да функционира на локално ниво, алудирајќи на значењето на социјалистичкиот развој на поранешната држава СР Македонија и запознавање на младината со историјата на НОБ во Охрид и Дебрца.

WebOhrid