Ракометните клубови Вардар и Металург направија огромен успех на европска сцена. И двата наши најдобри ракометни клубови се пласираа во следната фаза – четвртфинале од ЕХФ Лигата на шампионите.
РК Вардар, во Хамбург го победи актуелниот европски шампион Хамбург со 30:29 со што се наметна како еден од најсериозните фаворити за освојување на оваа титула.
РК Металург и во Данска, во Копенхаген успеа да победи против Колдинг со 30:26. Металург имаше предност од 6 голови од првиот дуел во Скопје, а беше подобар противник во текот на целиот натпревар.
WebOhrid