Превентивен проект – „Вози мотор, но биди безбеден“

Во рамки на акциониот план на МВР за реализација на проектот „Полицијата и граѓаните – заедно“ Отсекот за превенција при Единицата за БПС во СВР – Скопје започна со реализирање на активности на тема „Вози мотор, но биди безбеден“ со изведување сообраќајна поука на возачи на велосипеди, мопеди и моторцикли.

На поуката присуствуваа и преставници од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со препораки и насоки за побезбедно учество на таа категорија учесници во сообраќајот.

Целта на активноста е зголемување на безбедноста на оваа категорија учесници во сообраќајот како и подигање на јавната свест кај учесниците во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи.

Активностите ќе продолжат со зголемена контрола, укажување на опасноста од сторениот сообраќаен прекршок, организирање на сообраќајни поуки, делење едукативен материјал и на крајот со зајакнати мерки против овој вид на прекршители во координација со Одделението за БПС – Скопје .