Кривични пријави за полски државјани поради „тешка кражба на дрзок начин“ и „одземање на ПМВ“

ПС Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела дела „тешка кражба на дрзок начин“ и „одземање на патничко моторно возило“, поднесе кривична пријава против полските државјани С.Ј.(23) и Ф.Д.Б.(20).

На 29.03.2014 година пријавените во Скопје бесправно одзеле патничко моторно возило „Опел кадет“ кое го забележале паркирано и необезбедено при што со истото се упатиле кон Охрид. На 31.03.2014 година истите кај манастирскиот комплекс во Калишта, од повозрасен жител на Струга одзеле кожна јакна со 800 денари, еден мобилен телефон марка „Самсунг“ и лични документи.  

По извршен претрес во апартманот во Охрид каде двајцата полски државјани биле привремено сместени, пронајдени се поголема количина на разни клешти, штрафцигери, алат за сечење стакло, „француски“ клучеви и друг подесен алат. На двајцата одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.