Од вчера во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ започнаа да се спроведуваат обуки за невработени лица согласно „Оперативниот план на Владата за активните програми и мерки за вработување за 2014 година“, а врз основа на резултатите од Анализата на потребите од вештини подготвена од Агенцијата за вработување. Согласно мерката 5.3 А. се реализираат обуки за сервисер на мехатронички системи, аргон заварувач и помошник козметичар. Времето на реализација на овие обуки е три месеци во училиште и еден месец практична работа кај работодавач.