Во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ започнаа да се спроведуваат обуки за невработени лица

Од вчера во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ започнаа да се спроведуваат обуки за невработени лица согласно „Оперативниот план на Владата за активните програми и мерки за вработување за 2014 година“, а врз основа на резултатите од Анализата на потребите од вештини подготвена од Агенцијата за вработување. Согласно мерката 5.3 А. се реализираат обуки за сервисер на мехатронички системи, аргон заварувач и помошник козметичар. Времето на реализација на овие обуки е три месеци во училиште и еден месец практична работа кај работодавач.

EMUC_obuka_400_1 EMUC_obuka_400_2