СДСМ продолжува со своите активности – утре Пендаровски на средба со охриѓани

 ОО на СДСМ Охрид денес испрати соопштение до медиумите,во кое стои:

„Нашата одлука за свој кандидат за претседател на Република Македониja да се избере господинот Стево Пендаровски, беше само првиот чекор со кој се навести новата и сосема поинаква политика којa несомнено го носи приматот граѓанска и обединувачка. 

Со гордост можеме да констатираме, дека личните теснопартиски интереси не се на нашата агенда, на прво место како и секогаш за нас е државата. Доказ за тоа е нашиот предлог за натпартиски кандидат за претседател, да биде Проф. Д-р. Стево Пендаровски. Со ова започна новата свежа кадровска политика на Социјалдемократскиот сојуз. Понудивме нови лица, нов концепт и целосно нова понуда. Време е за нови политики, време е за промени за да одиме напред.

Доаѓа време кога по осум години силување на демократијата и осиромашување на граѓаните, крадење, апсење, изживување, понижување, македонскиот граѓанин со својот глас да се реши да стави крај на ова вртоглаво назадување и уништувањето на нашата иднина. По пет години празнотија и безличност, македонските граѓани ќе стават крај на полтронското шефување со државата и Македонија ќе го добие тоа што го заслужува. Ќе добие власт предводена од СДСМ и вистински претседател, ќе го добие Стево Пендаровски – човек со државнички манири и државник со човечки особини.“ –  се вели во соопштението.

Понатаму во соопштението на ОО на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија пишува дека СДСМ продолжува со своите активности во Охрид.

StevoPendarovski

„Продолжуваме во Петок на 04.04.2014 година со организирање на средба со граѓани во Охрид  заедно со нашиот кандидат за претседател Стево Пендаровски. Средбата ќе се одржи на градскиот плоштад во Охрид во 20 часот. Истовремено Ве покануваме да присуствувате и дадете поддршка на политиката која ќе го ослободи македонскиот граѓанин од тиранијата на власта.

 На овие избори граѓаните на Македонија ќе стават крај на сите закани, уцени, притисоци, тоа повеќе нема да помине. Нема да дозволиме никој повеќе да му ја украде победата на народот. “- стои во соопштението.